Лидерот на партијата „Демократско движење“, Изет Меџити „призна“ дека како поранешен градоначалник на општина Чаир  на многу функционери на ДУИ како и на многу граѓани им овозможил легализација на своите домови кои имале статус на дивоградби.



Зборувајќи за дивоградбите, Меџити во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека вицепремиерот Артан Груби преку негови портали му кажува на Обвинителството што да работи.

„Да не споменувам сега кои портали, Артан Групи поседува неколку. Преку тие портали тој укажува на јавното обвинителство што да работат, со кои предмети да се занимаваат“, рече Меџити.