Меџити: Груби е во постојан контакт со Ахмети

 

Првиот вицепремиер Изет Меџити изјави дека неговиот претходник Артан Груби, кој е во бегство, е во постојан контакт со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.



Според него, тоа се гледа од начинот на кој функционира партијата и медиумите блиски до неа.

„Се зборува дека е во Албанија. Мислам дека е во постојан контакт со лидерот и со претседателството на ДУИ.

Гледам, сè уште е под негово влијание. Тоа се гледа и во медиумите, порталите и коминикеата. Замина, но неговите последици се видливи и ненадоместливи“, рече Меџити објавува Телеграфи.