Првиот заменик вицепремиер, Изет Меџити,  изјави дека претседателот на Собранието Африм Гаши побарал да се намали нивото на безбедност за да има повеќе приватност, но тоа не му било дозволено заради протоколитеи  на приватното патување во Косово…



„Гаши побара да се намали нивото на безбедност за тој и семејството да имаат повеќе приватност, но тоа не му беше дозволено заради протоколите. Мислам дека протоколот за безбедност е многу строг.

Разговарав со Гаши. Разговарав и со претходните претседатели на Собранието, со Јован Митрески и со Талат Џафери. Сакаа повеќе слобода во секојдневниот живот, како и за децата и сопругите, но постојано се под строг надзор и обезбедување. Гаши побарал да се намали безбедноста, но не било можно, тука државата одлучува, а не тој“, изјави Меџити во гостување на Телевизија Канал 5.

Вели дека и покрај скромниот карактер на претседателот на Собранието како човек, тие безбедносни протоколи не можат да се менуваат, бидејќи за нив одлучува државата.

„Како човек го знам, не е многу по тие работи, многу е скромен во приватниот живот, но не може да ги промени тие протоколи за безбедност, бидејќи тука државата одлучува, а не индивидуата“, рече Меџити.

Одговарајќи на прашање што доколку коалицискиот партнер ЗНАМ на 3 септември, за кога е закажана седница во Собранието за интерпелација на Гаши гласа „за“ , Меџи рече дека владејачкото мнозинство е стабилно и дека во годините на независна Македонија немало постабилна влада.