Бујар Османи и Артан Груби изградиле диви или нелегални објекти и истите подоцна ги легализирале, рече вчера во гостување на ТВ21, идерот на Демократското движење Изет Меџити.
„Вечерва за прв пат ви кажувам дека кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, и јас како градоначалник му ја легализирав нему како и на многу други граѓани, па наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за м2, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво.“
„Артан и неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси половина зграда на диво ја изградиле и истите се легализирани“, рече Меџити.






