„Првиот вицепремиер на Владата на Македонија Изет Меџити, остро реагираше во врска со противречниот став на ДУИ за Законот за правична и соодветна застапеност, обвинувајќи ги челниците на оваа партија за неправедна контрола врз државната администрација во минатото.“ – извести информативниот портал на албански јазик „Алфакс“, пренесувајќи ја објавата на Меџити на фејсбук.
Порталот натаму истакнува: „Без закон, договорите, вработувањата, одлуките и условувањата на Албанците ги контролираат шерифите од Речица. Со закон на секој Албанец му се дава еднаква шанса за вработување во администрацијата. Шерифите од Речица остануваат без работа. Затоа се против тоа!“ – пишува Меџити.
Тој нагласува дека овој нов закон гарантира крај на политичката селекција и отвора пат за вистинска застапеност на Албанците во јавните институции, според заслугите, без партиско мешање и без покровителство. Според Меџити, стравот кај ДУИ од усвојувањето на овој закон доаѓа токму поради губењето на контролата, што ја имаа врз системот повеќе од дваесет години.
„Со Вреди во владата завршува времето на привилегиите на една група луѓе и започнува ерата на еднаквост за сите.“ – заклучува Меџити.






