Идниот вицепремиер и министер за екологија Изет Меџити на промотивната конвенција на кадрите учесници во извршната власт вети дека балансерот ќе биде заменет.



„Балансерот ќе биде заменет со законот за правична застапеност. Со ова ќе стане законска обврска“, рече Меџити.

Укинување на балансерот е и дел од владината програма.

Мандатарот за формирање на новата влада, Христијан Мицкоски, претходно најави дека балансерот ќе биде отстранет, бидејќи при вработувањето не треба да се делат граѓаните по етничка основа.

За смената на балансерот, реагираше и „Европскиот фронт“, од каде порачаа дека тоа ќе биде директен удар за Охридскиот договор.

Основната цел на овој инструмент врз основа на Охридскиот договор и Уставот беше да се спречи дискриминација.