ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети дозволиле влез на руски капитал во земјава, обвини лидерот на Демократско движење Изет Меџити.
„Кој дозволува руско перење валкани пари преку брзи кредити во Северна Македонија?
Кој дозволува и охрабрува отворање на казина?
Кој дозволува влез на руски гас и нафта?
Кој дозволува и охрабрува руски инвестиции во секоја сфера во Македонија?
Кој дозволи сомнителните проруски медиуми да бидат финансирани од руски фондови?
Кој го покани министерот за надворешни работи Лавров во Скопје?
Според Меџити, влијанието на Русија ќе замине кога ќе замине носталгичниот елемент за Русија во албанскиот политички камп.






