Бројот на загинати во трагедијата во Кочани се искачи на 59, а на повредени на 155. Меѓу загинатите има и полицаец, кој вршел контрола за дрога во дискотеката.
– Овој полицаец требало да биде награден за најдобар полицаец за територијата Пробиштип. Загина при вршење на контрола за евентуално откривање дрога и малолетници – рече Тошковски.





