Меѓу април лани и април годинава има фантастични 13 милиони евра разлика во парите што ги собрала царината, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Овој април Царината собрала речиси 13 милиони евра што ако се случува редовно на годишно ниво е околу 150 милиони евра.
,,Сакам да објавам одлични вести од Царинската управа – кои се показател со бројки и факти дека се работи одговорно и домаќински.
Царинската управа во текот на месец април наплати приходи во износ од 11,7 милијарди денари што е за 7,3 проценти или 792 милиони денари повеќе од истиот месец минатата година. Притоа приходите од данок на моторни возила се зголемени за 20,5 проценти, од царина за 14,1 процент, а од акцизи за 16,3 проценти.
Вкупно од почетокот на годинава, за четири месеци Царинската управа наплати приходи во износ од 41,2 милијарди денари што е за 4,1 процент или 1,6 милијарди денари повеќе од истиот период минатата година.
Истите овие средства веројатно порано завршувале во приватни џебови. Сега тие се во буџетот за граѓаните”, пишува Мицкоски кој го користи хаштагот
#МакедонијаПовторноТвоја





