Меѓународната заедница сеуште збунета од потегот на Белград кон Макеоднија

Неколку различни сценарија можат да стојат зад невообичаениот потег на Србија која што ги повелече и веднаш потоа ги врати своите дипломати од Скопје.



Молчењето на српската влада за причините за актот кој не беше објаснет ни по контактите меѓу македонските и српските претставници наведува на неколку сценарија кои што ги разработува највлијателниот грчки весник Катимерини.

Според весникот во моментов меѓу Србија и Македонија поради многу прични не може да има конфликт а тоа е единствената причина поради која што ваквиот потег би можел да биде делумно оправдан.

Една од многуте дебатирани верзии за скандалот е Србија да го спречи гласањето на Македонија за Косово во УНЕСКО но таа не е целосно реална затоа што се мали шансите Косово годинава да аплицира за членство.

Друга можна причина за инцидентот е можната одлука на владата во Скопје да ја усвои во Собранието Резолуцијата за геноцид врз Албанските народ со кој формално ќе се осуди српската власт во Македонија во периодот од 1918 до 1941.

Сепак и ова сценарио нема цврсти основи пред се затоа што тоа засега не е јавно на агендата на премиерот Заев, тврди весникот кој смета дека друга причина за однсевувањето на Србија е потпишаниот договор за пријателство со Бугарија.

Според Катимерини целосно не може да се ислучи ниту руското влијанeи на прозападната влада на Заев ниту пак интересот на белградската елита која што можеби стои зад случајот кој го наруши односот меѓу Македонија и Србија.

Кое од сите сценарија е точното , според весникот, можеби јавноста никогаш нема да го дознае.