Натпреварот меѓу Воска и Вардар од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид не го дочека крајот, откако домашниот тим го напушти теренот во 76. минута.
На одлуката ѝ претходеше израмнувачкиот погодок за гостите што го постигна Филип Дурански во 71. минута, кога топката удри во пречката и потоа се чини дека се одби зад гол-линијата (на фотографијата), па судиите го признаа.
Домашните протестираа, но продолжија со игра, за неколку минути подоцна по сугестија од тренерот Клодијан Арбери да се повлечат во соблекувалната.
Вардаровите играчи останаа на теренот и чекаа 15 минути, па откако фенерџијата на табелата не се врати, беше означен предвремен крај.






