Мечка која била заробена во криволовна замка, беше успешно ослободена во близина на селата Љубојно и Брајчино, општина Ресен, во координирана акција на повеќе надлежни служби.
Случајот беше пријавен преку Единствениот број за итни случаи 112, по што реагирале регионалните служби и институции, кои веднаш започнале со операција за спасување на животното.
„Добивме пријава дека во атарот помеѓу Љубојно и Брајчино има заробено диво животно. Претпоставивме дека се работи за мечка поради гласното рикање кое се слушаше близу мостот на Брајчинска Река“, изјави претставник на Регионалниот ЦУК Битола.
„Веднаш беа информирани сите надлежни служби, вклучувајќи ја и Граничната полиција, Полицијата на Ресен, како и ловното друштво и други субјекти“, велат од ЦУК.
Животното беше ослободено со помош на ловците од Концесионерот, ветринарите од Националниот парк „Пелистер“, како и полицајците од МВР.
Со употреба на средствата за успивање, мечката беше безбедно ослободена без повреди и пренесена на сигурно место. Плусинфо






