Мехмети: Не сум сигурен дека Трамп и неговата администрација ќе бидат во корист на Албанците, туку во корист на Мицкоски и други!

„Не сум сигурен дека Доналд Трамп ќе биде многу во корист на Албанците. Тој самиот предупреди дека нема да има толеранција во внатрешната и надворешната политика. Во оваа сегашна клима тоа може да биде администрација во корист на Мицкоски, Вучиќ, Курти, или на други.“изјави политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети во емисијата „Клан Дебата“ на ТВ Клан Македонија, во која се разговараше за изборот на Доналд Трамп како нов 47 претседател на Соединетите Американски Држави.