Мехмети: Македонија стана „печка“, во која горат живи луѓе! Во Кочани загинаа млади, кои требаше да бидат рај на родителите и оваа држава!

„Да, има моменти кога зборовите го губат своето значење, кога болката оди подалеку од она, што можете да го кажете. Во Кочани животот го загубија млади луѓе, кои требаше да бидат рај на нивните родители и на оваа држава. И како и секогаш, нè обединуваат само трагедиите во оваа држава, во која единствени сигурни градби се скапите вили на нашите државници и политичари.“ – вели писателот и публицист Ким Мехмети во својата колумна со наслов „Децата во Кочани и болните во Тетово ги изгори нашата неодговорност!“, која е објавена на интернет-порталот на ТВ Шења.

Натаму Мехмети пишува: Па не прашувајте како се запали модуларната болница во Тетово и сега дискотеката во Кочани, затоа што изгореа од неволноста на нашите граѓани да ги поплават скопските улици, за да ги остранат оние, што нè гледаат како безвредни бројки.

А за сега да ја споделиме болката на оние, што ги загубија своите најблиски и да се запрашаме: колку сме виновни сите, што оваа мала Македонија стана огромна ‘печка’ во која горат живи луѓе!