Мехмети: За Македонците не се сериозни предлогот за „Албанската академија“, ниту за кантони на албанскиот херој на магаре Ахмети!

„Лидерите на албанските партии во Р*М не се разликуваат со ништо еден од друг и не се раководат од никаков национален идеал, или национален интерес. Сите тие му се потчинуваат само на инстинктот за политичкото преживување, по секоја цена. Македонските политичари ова го разбираат како нивна единствена стратегија за ‘преживување’ – што ја практикува првиот човек на ДУИ Али Ахмети две децении – па сега ги игнорираат, па дури и играат мајтап со овие ‘албански патриоти’.“ – вели писателот и публицист Ким Мехмети во својата колумна со наслов „Хероите на магариња на Албанците од Македонија!“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Натаму Мехмети пишува: Знаејќи дека албанскиот властодржец попрво би си ја напуштил својата куќа, одошто владата, денешниот премиер на Македонија не ги сфаќа сериозно предлозите за „Албанската академија“, ниту предлозите за кантонизирање на државата на задоцнетиот албански херој на магаре – шефот на ДУИ Али Ахмети.

Како и да е, мора да се признае: не Македонците, туку локалните албански партии политички ги дефакторизираа Албанците од Македонија. Официјална Тирана и Приштина, исто така, помогнаа во ова дефакторизирање, „поддржувајќи“ ги своите вазали, односно хероите на магариња на Албанците од Македонија.