„Многу е лошо што Движењето Ветвендосје (Самоопределување) и неговиот лидер премиерот на Косово Албин Курти се вклучува во изборите во Македонија, тоа е непотребно.“ – изјави д-р Нури Беџети, поранешен ректор на Универзитетот „Хасан Приштина и професор по историја, во емисијата „Клан Дебата“ на ТВ Клан Македонија.
ТВ Клан Македонија пишува: Аналитичари расправаа во емисијата „Дебата плус“ во врска со темата „Битката на Албанците во Македонија“, осврнувајќи се на политичките актуелности во оваа земја. Аналитичарот Лирим Мехметај од Приштина, главен и одговорен уредник во информативниот портал „Албанијан пост“, кажа дека народот во Македонија не го прифаќа моделот на Ветвендосје и неговото влијание.
„Ветвендосје го направи Арбен Таравари како Лоло (смешно детенце – заб.прев.). Народот во Македонија не го прифаќа моделот на Ветвендосје и неговото влијание, кој не функционира таму. Не функционира планот на Ветвендосје во оваа држава. Народот на Македонија веќе ги има видено тие игри…“ – посочи Мехметај.
Home Македонија Мехметај: Курти и Ветвендосје го направија Таравари смешно детенце, нивниот план во...





