Мехази: Што лошо видовте од Албанците?

Албанскиот аналитичар Сулејман Мехази тврди дека единствено Албанците не ги омаловажуваат Македонците, нивниот јазик и држава, а тие се негирани и патолошки мразени од македонските граѓани. Од кого се чувствувате лошо, ги прашува Мехази Македонците.



– Ве прашувам македонски граѓани, од која страна се чувствувате лошо? Не е од страна на Албанците, оти тие не ве мразат и понижуваат со децении или децении, ами од Грците, кои политички ве принудија да го смените името на вашата национална република во географска република. Иако ги мразите Албанците, тие никогаш не ја негираа вашата национална држава, вели Мехази.

Според него неправеден е начинот на кој се третирани Албанците во земјава, бидејќи како што тврди, тие се единствените кои никогаш не го негирале македонскииот јазик, за разлика од бугарската страна, а ја споменува и српската држава- од аспект на негирањето на МПЦ од страна на СПЦ.