Метрополите се украсуваат, Град Скопје пак во ќор сокак, дури сега крои планови 

Големите метрополи се украсуваат, се чувствува магијата од секој агол, додека кај нас, за жел свири иста песна, а таа се вика „пусто и празно е се…“ Дури сега, Град Скопје крои планови. Трговскиот центар „Галерија Лафајет“ во Париз секоја година ги воодушевува луѓето ширум светот со својата раскошна божиќна елка и прекрасните празнични декорации на големите прозорци. Па, така и годинава, уште еднаш докажа дека најголемата празнична еуфорија во Париз може да се почувствува токму тука.



Во Загреб и Љубљана се чувствува новогодишната атмосфера. Таму уште од пред десет дена започнаа подготовките за новогодишната ноќ. Во главниот хрватски град веќе се поставуваат штандови и се подготвува лизгалиштето во пресрет на популарниот божиќен саем Адвент, настан кој нуди разновидна храна и богата музичка програма. Љубљана пак од пред две недели почна да го расчистува центарот на градот, а деновиве е најавено дека ќе биде поставена и новогодишната елка.

Граѓаните кои ги анкетиравме посакуваат Скопје што поскоро да почне да се украсува. Градоначалничката Арсовска запрашана за тоа, не откри кога во Скопје би се почнало со украсување.

  • Постапките се веќе отпочнати и верувам дека од наредната недела ќе имаме повеќе информации за јавноста и за новогодишната ноќ и за се останато, изјави Данела Арсовска.

Минатата година украсувањето во центарот на Скопје започна на две недели пред Новата година. Дел од украсите висеа по улиците и во март, а дури во арпил беа тргнати куќарките кои беа поставени на градскиот плоштад.