Пораз и во вториот натпревар на нашиот тим во групата Д од ракометната ЛШ и тоа од турскиот првак кој во Скопје славеше со 31-27. Се се виде уште на стартот во арената Борис Трајковски. Металург лошо го започна мечот, Бешикташ уште во првиот дел создаде четири голови предност, но благодарение на грешките на гостите, сините се вратија и во финишот од првите 30 минути изедначија на 14-14.
Тоа беше модусот за пресврт на почетокот од второто полувреме кое Металург го започна подобро и дојде до првото водство на натпреварот. Тимот на Червар во еден миг имаше и два разлика, но брзо потоа застој кој финишот го пренасочи во полза на гостите. Во последните минути Бешикташ повторно заигра на многу високо ниво, а грешките кај Металург не престануваа. На крајот турскиот клуб се радуваше на триумф од 31-27.
Убедливо најефикасен кај Металург беше Јагањац со девет голови, по четири постигнаа Кузмановски и Илиќ. Во составот на Бешикташ, Доне и Нуиќ постигнаа по седум гола, шест реализираше поранешниот Вардарец, Немања Прибак.




