Наместо да го одбие или да дозволи реконструкција во постојниот габарит на објектот, во јули 2019 донел градоначалникотннаСруга, Рамиз Мерко, да одобрение за градба со кое на инвеститорот му овозможил да изгради и да се стекне со имотна корист во хотелтб„Дрим.
Се работело за дополнителен кат на објектот со отворена галерија и тераса, со вкупна бруто површина од 513 м2 и проценета вредност од 781.527 евра, објави „Плуссинфо“
Според сознанија на „Плусинфо“, Градоначалникот на Општина Струга, третообвинет во предметот, постапувајќи по барањето, наместо да го одбие или да дозволи реконструкција во постојниот габарит на објектот, во јули 2019 донел одобрение за градба со кое на инвеститорот му овозможил да изгради и да се стекне со имотна корист – недвижност, односно дополнителен кат на објектот со отворена галерија и тераса, со вкупна бруто површина од 513 м2 и проценета вредност од 781.527 евра.
Со ова тој ги пречекорил границите на своите службени овластувања, постапил надвор од барањето за реконструкција и спротивно на постапките пропишани во Законот за градба, а со цел за друг да прибави имотна корист.
Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против 11 физички и едно правно лице во врска со бесправно градење на објект кај базенот на хотелот „Дрим”.





