Меркел пак канцеларка, десните ксенофоби влегуваат во Бундестагот!

Ангела Меркел ќе го заврши денешниот ден со уште една голема победа во битката за канцелар на Германија и за нејзината Демохристијанска партија (ЦДУ) и тоа не е вест, туку потврда на анкетните предвидувања.



Жената, која пред 12 години влезе во премиерска трка под слоганот „Енџи“, пропратена од популарната нумера на „Ролингстоунс’, и сега го трча четвртиот круг од маратанот за чеврт мандат како најпопуларна личност.

Меркел е на пат да го повтори и да го урне рекордот на нејзиниот ментор и човек кој  ја весе во политиката, Хелмут Кол, но кого го „елиминираше“ по седнувањето во канцелариската фотелја.

Нејзиниот предизвикувач, Марти Шулц, од Социјалдемократската партија на Германија, дефинитивно нема(ше) шанси ни во анкетите и до крајот на денот, тој секако нема да изненади.

Оттаму, денешните парламентарни избори во Германија не носат ништо ново.

Изборно изненадување или шок е (антиципираниот) успех на крајно-десничарска Алтернатива за Германија (АФД)  за која се претспоставуваше и која влегува во Бундестагот , покажуваат денешние излезни анкети.

Јерг Форбриг од германската тинк-тенк групата на американскиот Маршалов фонд, за „Политико“  претходно предупреди дека германската демократија ќе се соочи со најголемиот „стрес тест“ досега… и дека, влезот на  радикалната  Алтернатива за Германија (АФД)  во Бундестагот е епохален чекор напред за екстремната десница, по Втората светска војна.

По мигарнтското „цунами“ во 2015, кога над еден милион бегалци влегоа во Германија, АФД демонстрираше отворено несогласување со политиката на канцларката Ангела, која, како дете на католички пастор, покажа и премногу човекољибие (кон бегалците), и предизвика негативни реакции во германското опшетство.

За многумина на Запад,, четвртата победа на Меркел ќе дојде како олеснување пред растечкиот популизам.

Во петокот, Меркел во Минхен покажа дека може да се носи со предизвицигте на десничарките ултранационалисти и ксенофоби кои со свирежи и вувузели, се обидоа да го разводат нејзиниот настап.

Германската „железна лејди“ (63), со својот говор им порача дека  „иднината на Германија дефинитивно нема да биде изградена со свирежи “.