Медијаторот не чул дека Грција сака да ни го менува идентитетот

Медијаторот Метју Нимиц од грчката страна не чул дека Атина има нешто против македонскиот идентитет.



И покрај тоа што во повеќе наврати токму посебен македонски идентитет беше споменат како проблем, Нимиц два пати повтори дека за Грција идентитетот не е спорен.

Тој смета дека сега може да се смени идентитетот на државата, а не и на нацијата и na народот.

На прес-конференцијата со шефот на дипломатијата Никола Димитров тој призна дека прашањето за именување на нацијата и на јазикот е тема на разговорите и дека согласно решението ќе се менува нивното именување во регистрите на ОН, но смета дека тоа се однесува само на државите, а не и на нациите, кои сами одлучуваат за нивниот идентитет.