Медведев ѝ „препорача“ на Европа да се повлече од руско-украинскиот конфликт

 

Европа треба да го следи примерот на САД и да се повлече од конфликтот во Украина, тогаш Русија брзо ќе го реши, порача преку социјалната мреже ‘Х“ заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев, пренесува ТАСС.



„Американските власти рекоа дека САД „ќе ги кренат рацете“ доколку нема напредок по украинското прашање. Мудро. Европа треба да го стори истото. Тогаш Русија ќе поправи сè побрзо“, напиша Медведев на англиски.

Трамп предупреди дека сака да слушне „многу скоро“ од Русија и Украина дали се подготвени за мировен договор, или во спротивно САД ќе се повлечат од својата посредничка улога.

И американскиот државен секретар Марко Рубио најави дека САД би можеле да престанат да посредуваат во мировниот договор меѓу Русија и Украина за неколку дена.

Рубио посочи дека Трамп сè уште е заинтересиран за договор, но има многу други приоритети во светот и доколку не се постигне напредок, постои можност САД да ја прекинат улогата на посредник меѓу Киев и Москва.