Потпишувањето на договорот за минерали меѓу Украина и САД значи дека американскиот претседател Доналд Трамп го принудил Киев да плати за идната американска воена помош, изјави поранешниот руски претседател и сегашен заменик-претседател на Советот за безбедност Дмитриј Медведев, цитиран од Ројтерс.
Договорот, потпишан вчера во Вашингтон, ќе им даде на Соединетите Американски Држави преференцијален пристап до нови договори со украински минерали и ќе финансира инвестиции во обновата на Украина.
„Трамп го уништи режимот во Киев до тој степен што ќе мора да плати за американската помош со минерални ресурси“, напиша Медведев на Телеграм.
„Сега Украинците ќе мора да плаќаат за воени резерви со националното богатство на нивната земја што исчезнува“, истакна тој.
Договорот за минерали беше постигнат во време кога САД велат дека се сè повеќе фрустрирани од неуспехот на Москва и Киев да седнат на мировна маса.






