Медведев: Европски политичари сакаат да ја внесат војната на своја територија

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ги обвини европските лидери дека бараат опасна ескалација на конфликтот во Украина по реизборот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.



Медведев, висок безбедносен функционер, напиша во Телеграма дека европските политичари се обидуваат да го „турнат конфликтот со Русија во неповратна фаза“ додека можат, и предупреди да не дозволат Киев да користи западни ракети со долг дострел за гранатирање цели во Русија.

Медведев ги отфрли „ултиматумите“ на германскиот опозициски лидер и можен следен канцелар Фридрих Мерц за употребата на оружје од Украина како „изборни“ ветувања.

„Јасно е дека овие проектили не можат да променат ништо суштинско во текот на воените операции“, посочи тој.

Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер ја потврдија својата поддршка за Киев за време на вчерашните разговори во Париз, а францускиот министер за надворешни работи ги повика сојузниците на Украина да не прејудицираат како Трамп ќе се справи со конфликтот.

„Генерално, изненадувачки е колку сегашната генерација европски политичари сака да ја внесе војната на своја територија“, истакна Медведев.

Тој претходно рече дека победата на Трамп најверојатно ќе биде лоша вест за Украина.