„Поткуп на гласачи, вршење притисок, фотографирање, некомплетна документација и други нерегуларности се дел од проблемите кои настанале во денот на локалните избори, но на сите 44 места на кои истите се појавиле, по кус прекин, гласањето е продолжено“ рече министерот на МВР Оливер Спасовски кој заклучи дека изборите биле фер и демократски и организирани според сите стандарди.



Кусо по неговата изјава со свој став се појавија од ВМРО ДПМНЕ кои се обидоа да негираат дека локалните избори биле регуларни.

„Користење на државни ресурси, притисоци, кршење на избирачките права, гласање во туѓо име и немање услови на неколку места воопшто да се одржат изборите особено по принудните прекини“ рече Никола Србов од штабот на ВМРО ДПМНЕ.

Тој додаде дека неговата партија ќе ја информира меѓународната заедница за се што се случувало во овој ден.