Home Македонија ММА со осуда на говорот на омраза на Апасиев и обидот за...

ММА со осуда на говорот на омраза на Апасиев и обидот за спречување слобода на говор

Македонската медиумска асоцијација го осудува говорот на омраза искажан кон „Канал 5“ Телевизија и нејзиниот директор Иван Мирчевски од страна на лидерот на Левица Димитар Апасиев како и членови од неговата партија.



Ги осудуваме тоталитаристичките обиди на овие лица да замолкнат слобода на говор како и обидите за заплашување на медиумот, директорот но и клиентите кои се огласуваат на Телевизија Канал 5 со тоа што Апасиев повикува на антикампања за огласувачите и производите кои се рекламираат на Канал 5.

ММА е загрижена што во плуралистичкиот политички простор постои лидер на партија која учествува на изборите кој шири говор на омраза, дискредитира медиум и заплашува.

Ги повикуваме соодветните институции да превземат мерки за спречување на ваквите обиди да се влијае на медиумите со сеење страв и омраза во пресрет на изборите.

Потсетуваме дека заканувањето како и предизвикувањето и ширењето на говор на омраза е кривично дело, а нанесена е и клевета и навреда на Канал 5 и нејзиниот директор“, се вели во соопштението на ММА.