Американскиот пејач Мајкл Џексон, кој почина пред осум години се најде на листата на најбогати починати ѕвезди според „Форбс“. Тоа се случува пет години по ред и станува збор за годишен приход од 75 милиони долари.
Според „Форбс“, приходите на Џексон се зголемиле благодарение на објавувањето на новиот хит албум од страна на издавачката куќа ЕМИ.
Меѓу првите пет лица на листата со 13 имиња се уште двајца пејачи. Елвис Присли е четврти во 35 милиони долари, а пети е Боб Марли со профит од 23 милиони американски долари.
Арнолд Палмер, кој почина во септември минатата, беше втор на листата, а неговата заработка изнесуваше 40 милиони долари поради продажбата на линијата за облека со неговото име.
На трето место е „таткото“ на Чарли Браун, Чарлс Шулц, чија годишна заработка изнесува 38 милиони долари.




