Британскиот актер на филмски фестивал во Венеција изјави дека Велика Британија ја „води еден човек по име Жан-Клод Јункер (претседател на Европската комисија и поранешен премиер на Луксембург)“.



“Додека имав 20 години, мислев дека Луксембург е радио станица, јас дури и не знаев дека е држава, а сега тој управува со мојата земја и тоа не ми се допаѓа”, рече актерот.

Мајкл Кејн (84) вели дека го поддржува Брегзит и неговиот глас е за Брегзит не поради имиграцијата или економијата, туку затоа што „повеќе би сакал да биде сиромашен господар на својата судбина отколку богатиот слуга на другите“.

Мајкл Кејн е добитник на бројни актерски награди, а во филмот „Моја генерација“, документарен филм за периодот од шеесеттите години од минатиот век, кој се прикажува во Венеција, тој е наратор.