Кога младата Агнеса Гонџа се одѕва на повикот да стане мисионерка, тоа бил голем шок за нејзината мајка, бидејќи нејзиниот татко веќе бил починат. Мајка Тереза раскажувала дека нејзината мајка „речиси замина“, откако цели 24 часа се затворила во нејзината соба.
Конечно, кога излезе и рече на ќерката: „Добро … стави ја раката во рацете на Исус и никогаш не погледнувај назад”. Младата Агнеса така се раздели од мајка и,за тие никогаш да не се не се сретнат повторно на овој свет, пренесува Радио Ватикан, во сторијата за нобеловката и Светица, Мајка Тереза.
Знаејќи дека тоа било многу тешко за нејзината мајка, но исто така и за нејзината сестра која никогаш не ја виде, Мајка Тереза понекогаш ќе кажела: „Знаете, Бог не мора да ми суди! Мајка ми ќе ми суди затоа што ја натерав да страда толку многу“.
Цели 10 години Мајка Тереза немала контакти со своето семејство. Нејзината мајка и сестра се преселија од Скопје до Тирана, но не знаeja за неа, ниту пак таа за нив. За семејството раскажувала дека било многу блиски, дека биле пет браќа и сестри, но две умреле, па останале само нејзиниот брат Лазар, нејзината сестра Ага и таа – Агнеса…
Мајка Тереза и нејзиниот брат Лазар, кој живеел во Палермо, Сицилија, пробале да организираат средба со семејството на албанската граница. Но тоа не се случило бидејќи нејзината мајка била болна. Меѓутоа, граничарите ги предупредиле дека дека можат да влезат да го посетат своето семејство, но нема да можат да ја напуштат Албанија. А, ако нејзиното семејството излезе од земјата, нема да смее да се врати во Тирана.
Во 1946 година, Албанија се најде под брутална сталинистичка власт на Енвер Хоџа и неговата партија. Патувањето и визните ограничувања што следеа, ја направија Албанија една од најтешките земји за посета или за патување, а во 1967 година, Албанија се прогласи за прва атеистичка држава во светот.
Мајка Тереза мораше да избере меѓу нејзината мајка, која ја сакаше повеќе од било кое друго човечко суштество на земјата и нејзината професија. Таа го одбра второто.
Бидејќи и таа и нејзиното семејство страдаа разделени, Мајка Тереза беше многу чувствителна кон нејзините сестри-мисионерки и ги тераше да пишуваат писма еднаш месечно на нивните семејства.
Родена како Агнеса Гонџа Бојаџиу на 26 август 1910 година, во домот на родителите Никола и Дранафиле Бојаџиу, во Скопје, таа на 18 годишна возраст одлучи да стане мисионерка. Гонџа го напуштила својот дом во септември 1928 година за да се приклучи кон Институтот на Пресвета Богородица во Даблин, Ирска, од каде замина како монахиња на мисија, за никогаш да не се врати дома.
Животот го мина во Калкута, а за нејзиното доброчинство доби бројни национални, како и меѓународни почести, вклучувајќи ја и Нобеловата награда за мир во 1979 година.
Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година, на возраст од 87 години. Лани беше прогласена за Светица.





