Поранешниот италијански премиер Матео Ренци со критика за договорот Рама-Мелони, за испраЌање на мигранти кои пристигнуваат во Италија во кампови во Албанија.
Суд: Италија да ги врати мигрантите испратени во кампови во Албанија
Во интервју за телевизијата La7, во Италија, Ренци вели дека Албанија не е безбедна земја, како што тврди премиерката Џорџа Мелони, и за пример го даде апсењето на поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета.
Според Матео Ренци, од снимките од апсењето се гледа дека албанските власти имаат двојни стандарди, во однос на безбедноста и почитувањето на човековите права.
„Знаеме дека албанските власти имаатдвојни стандарди. Видовте во Албанија што се случи со апсењето на поранешниот претседател на Албанија. Видовте снимки како на тирански начин го извадија поранешниот претседател на Републиката од автомобилот. Имигранти веројатно можат да ги видат овие сцени, замислете го ова и што би можело да им се случи“.
Според Ренци, невозможно е милиони евра од италијанските даночни обврзници да одат залудно, во време кога тие многу добро би можеле да се решат за проблеми во различни области од тамошниот социо-економски живот. Телеграфи






