Масовна тепачка пред Градското собрание на Белград (ВИДЕО)

Пред зградата на градското собрание во Белград денеска изби масовна тепачка меѓу граѓани и припадници на обезбедувањето.



Конфликтот настанал кога насобраните се обиделе да ја тргнат заштитната ограда, по што обезбедувањето ја прескокнале бариерата и физички ги нападнале граѓаните. Во еден момент ситуацијата ескалираше во сериозна пресметка.

Како што може да се види на видеото, дел од обезбедувањето почнале да удираат по граѓаните, на што тие возвратиле.

Се заврши со повлекување на обезбедувањето…

Во градското собрани се одржува седница на која советниците расправаа за повеќе предлози, меѓу кои се ребалансот на буџетот на градските комунални претпријатија и плановите за урбанистичко уредување.

Граѓанската иницијатива „Мостот останува“ ги повика граѓаните и претставниците на опозицијата да ја блокираат седницата, тврдејќи дека единствени легитимни точки на дневен ред требало да бидат поддршка на студентските протести и мораториум на нетранспарентни градежни проекти.