„Масовен“ протест на симпатизери на СДСМ и Левица – вкупно 26

Симпатизери на СДСМ и Левица протестираа во Општина Аеродром против новиот ДУП за населбата Лисиче. Интересно е тоа што протестот бил без присуство на жители од Лисиче. Пред општинската зграда се собрале само 26 лица.



Протестот, наменет како реакција на жителите од Лисиче против Деталниот урбанистички план кој го нарекоа „обид за бетонизација“, заврши како уште едно фијаско на СДСМ-Левица.

Апсурдно е што Општина Аеродром организираше десетина отворени денови и анкетни листови за граѓаните, каде стручни лица објаснуваа за бенефитите од новиот ДУП за населбата Лисиче.

Покрај позитивните реакции од жителите на Аеродром, кои во новиот ДУП видоа решенија за комунални и инфраструктурни проблеми, сите надлежни институции и експерти од областа на урбаното планирање го поддржаа планот. Новиот ДУП предвидува изградба на само еден објект за колективно домување, наместо претходно планираните девет, и отвора простор за два нови паркови и дополнителни зелени површини, како и комунални и урбанистички решенија за граѓаните.