Елон Маск повторно излезе со коментари за светска политика на платформата Х, овој пат за војната во Украина.
Тој напиша дека Украина ќе биде уништена без системот на Маск, Starlink, а исто така изјави дека го има предизвикано Путин на физичка пресметка, еден на еден.
„Буквално го предизвикав Путин на физичка пресметка еден на еден за Украина, а мојот систем Старлинк е столбот на украинската војска. Целата нивна линија на фронтот ќе се сруши ако го затворам. Mачно ми е од годините на масакр во застојана војна што Украина неизбежно ќе ја изгуби. Секој што навистина се грижи, навистина размислува и навистина разбира, сака мелницата за месо да престане. МИР СЕГА!!“, напиша тој на X.





