Со болка на лицата и високо кренати пароли со пораки како: „Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“, „Системот убива – институциите молчат“, „Нема трагедија има злосторство“, во Кочани попладнево се одржа шестиот по ред „Марш на ангелите“ – хуманитарен настан посветен на сеќавањето на 62 млади лица кои загинаа во трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“. И овој пат не отсуствуваа
Маршот почна во 16.05 од градскиот парк во Кочани, а продолжи кон трговскиот центар, потоа кон општина Кочани, МВР Кочани и Основниот суд.
Граѓани, роднини, пријатели и поддржувачи од целата земја се приклучија на маршот. Средствата собрани од настанот се наменети за финансиска помош на семејствата погодени од несреќата.




Како дел од хуманитарниот настан имаше и трка на келнери организирана од кафулето „Кокоа либре“, во чест на повеќе келнери кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“.






