Германскиот новинар, писател и експерт за Балканот, Михаел Мартенс, ја коментира заканата од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис до Македонија дека прекршувањето на Преспанскиот договор ќе ѝ го блокира патот кон Европската унија.
„Прекршувањето на договор не е добро. Но, ‘патот кон ЕУ’ и онака е блокиран. За секоја земја-кандидат. Може само да се охрабри доаѓачкиот премиер Мицкоски да не попушти под притисокот и да го менува Уставот. Нема да отвори никаков ‘пат’. Со оглед на тоа дека таков нема“, реагира на Твитер долгогодишниот политички дописник на германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ од Санкт Петербург, Атина, Истанбул, Белград и Виена.





