Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во вторникот изјави дека холандскиот премиер Марк Руте ќе биде „многу силен кандидат“ како наследник на Столтенберг да ја води трансатлантската воена алијанса.
Додека шефот на НАТО ниту го потврди ниту го негираше назначувањето на Руте, Столтенберг на крајот од заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека Руте „има големо искуство како премиер“.
Столтенберг, кој го опиша Руте како „близок пријател и колега“, рече дека верува оти „многу наскоро“ НАТО ќе објави објава за личноста која ќе биде следна во редот да го води НАТО и „тоа ќе биде добро за сите нас, за НАТО. ”
Блинкен не даде никакви директни забелешки за Руте, но рече: „Уверен сум, многу уверен, дека алијансата силно ќе застане зад новиот генерален секретар и дека кога мандатот на сегашниот генерален секретар Столтенберг ќе заврши оваа есен, ќе има многу силен генерален секретар кој ќе ја земе палката“.
Последна од земјите членки на НАТО која дадде поддршка за Руте беше Словачка.
Главната пречка за назначувањето на Руте беше отстранета во вторникот кога Унгарија ја објави својата поддршка за назначувањето на Руте.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан не сакаше да учествува во поддршката на Алијансата за Украина додека таа се бори со Русија.
На X, поранешет Твитер, Орбан во вторникот објави:
„Унгарија е подготвена да ја поддржи кандидатурата на премиерот Руте за генерален секретар на НАТО“.
Унгарскиот лидер, исто така, објави писмо од Руте во кое му порачал дека, доколку тој сака да стане лидер на НАТО, Руте ќе ги почитува дискусиите што Орбан ги водел со Столтенберг за некористење унгарски персонал или средства во борбата на Украина против Русија.





