Трговците имаат 45 дена да се прилагодат на законските измени на Законот за заштита на потрошувачите со коишто тие се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите кои ги нудат на својата интернет-страница.
Трговците имаат обврска да ги ажурираат цените на дневна основа.
Пратениците од власта очекуваат поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкуретност и намалување на цените.
– Граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари бидејќи не е нормално да имаме цени во маркети кои се највисоки на балканско ниво, цени повисоки отколку што имаат членки на ЕУ, не е нормално. Сигурни сме дека во наредниот период ќе има намалување на цените што ќе биде прифатливо и за македонските граѓани – изјави Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Законските измени влегуваат во сила со објавување во Службен весник. Во меѓувреме во период од 10 дена од донесување на измените ќе се донесат подзаконските акти со кои се регулира прашањето.





