Руската тениска убавица се појави на терен по два и пол месеца и тоа на турнирот во Стенфорд каде што доби вајлд карта и уште во првиот меч што го доби против Брејди го урна рекордот по бројот на гледачи. Шарапова успеа да привлече најмногу публика во Пало Алто по 2009 година.



Всушност мечот на Марија Шарапова од вчера е вториот најгледан дуел во историјата на турнирот кој егзистира од 1971 година и кој се игра во тенискиот центар на Универзитет Стенфорд каде што може да се сместат 8 и пол илјади гледачи.

Шарапова по суспензијата поради допинг одигра малку, само на турнирите во Мадрид, Штутгарт и Рим каде што не се прослави, по што не доби покани за Ролан Гарос и Вимблдон. Според тоа каков интерес предизвикува кај американската публика, не е исклучено да добие вајд карта за последниот тениски Гренд Слем во сезоната кој на 28 август започнува во Њујорк.