„Настана тотален хаос со претстојната влада“, пишува бугарски „Сега“ откако попладнево канндидатката за премиер Марија Габриел на претседателот Румен Радев му презентирала проект на Владата, кој не бил одобрен од парнерите „Продолжуваме со промената“ (ПП) и „Демократска Бугарија“ (ДБ).
Нема влада со Марија Габриел – Бугарија оди на избори
Во кабинетот што Габриел му го предложила на претседателот Радев, повеќето имиња во идната влада би припаѓале на претставници на десницата ГЕРБ и СДС.
Пред шефот на државата, премиерката-кандидат истакна дека постигнале договор со ПП-ДБ за создавање влада на споделена одговорност, во која ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ ќе бидат рамноправни партнери.
Меѓутоа, во ниту еден момент таа не изјави дека преговорите со десницата биле успешни.
Премиерот во оставка Николај Денков, кој е именуван за вицепремиер во новиот кабинет, најави дека со нив не бил договорен најавениот состав на кабинетот.
„Ова е кабинет на ГЕРБ-СДС“, рече тој.
Сепак, од ПП-ДБ одбија да кажат дали ќе го поддржат кабинетот и итно свикаа генерален состанок на пратеничките групи.
Но, Радев констатираше дека кандидатката за премиер го исполнила мандатот по уставна процедура и потпиша указ со кој му предлага на парламентот да ја избере за премиер.
Се очекува тоа уште утре да се најде во бугарскиот парлемент.





