Преговорите за нова влада пропаднаа, Бугарија се посамоуверено се движи кон избори и ова стана јасно на вонредниот брифинг на ГЕРБ, пишуваат медиуми..



Марија Габриел прифати да води влада, партнерите од ПП-ДБ не се согалсуваат

Во последните три дена преговорите беа обновени, поминаа добро, ГЕРБ направи неколку отстапки, но потоа дојдоа нови барања од ПП-ДБ

Условите кои партнерите постојано ги поставуваа, беа оценетт како „политички рекет“ и затоа ГЕРБ ги прекина преговорите.

Марија Габриел утре ќе достави писмо до парламентот дека ја повлекува кандидатурата за премиер.

ГЕРБ нема да учествува во преговорите за втор мандат, соопшти партискиот преговарачки тим.

„Ќе останам како вицепремиер до последниот ден на актуелната влада“, најави Марија Габриел.