Маријана Ѓорѓиевска прва Македонка што се искачи на врвот Исланд на Хималаите!

Македонката Маријана Ѓорѓиевска од Прилеп го искачи врвот Исланд Пик на Хималаите од страната на Непал, и е првата Македонка која што воопшто се искачила на овој врв.



Исланд Пик се наоѓа во Непал и е познат по својата височина од 6.189 метри и претставува голем успех и значително достигнување.

Маријана претходно се има искачено и на повеќе други светски врвови.