При вонреден претсрес во фирма во сопственост на А. К. (52) од Република Албанија и А. Р. од Босна и Херцеговина, биле најдени пластични буриња полни со марихуана за кои фирмта не поседува никаква документација.
Претресот и контролата во објектот биле извршени во присуство на едниот сопственик и управител А. К. и вработениот Џ. И. (39) од Република Словенија, со постојано живеалиште во селото Горно Седларце, Тетовско.
„Утврдени се низа неправилности во однос на процесот на одгледување на растението канабис, што е спротивно на Законот за контрола на опојните дроги, поради што постои сомнение дека производството на канабис било наменето за нелегалниот пазар. Исто така, било утврдено дека во две хали се врши сушење канабис, при што во една од халите се пронајдени девет пластични буриња исполнети со готов производ – сув цвет од канабис, за кои правното лице не поседува никаква документација“, велат од МВР, пренесе Макфакс.
По насоки од јавен обвинител, пронајдениот канабис (растенијата и сувиот цвет) е одземен и предаден во Агенцијата за управување со одземен имот, а сопственикот и вработениот се приведени.






