Француската политичарка Марин Ле Пен е прогласена за виновна за незаконско користење на европските фондови за финансирање на нејзината крајнодесничарска партија Национален собир.
Судијата се уште не ја соопшти висината на казната, бидејќи во наредните часови ќе се чита пресудата.
Обвинителите минатата година предложија казната за Ле Пен да биде не само парична казна – 300.000 евра – и затвор, туку и да и се забрани да се кандидира за јавна функција во период од пет години.
Клучно, тие побараа забраната да стапи на сила веднаш, наместо да се одложи до правосилноста на пресудата, во случај Ле Пен да поднесе жалба, што се очекува.
Ова ќе ги уништи нејзините шанси да се кандидира на претседателските избори во 2027 година.
Судот, исто така, би можел да ѝ наложи пократок период на неподобност – на пример една година – што сепак би ѝ овозможило да се кандидира за функцијата.
Ле Пен, заедно со повеќе од 20 високи функционери на нејзината партија, беше обвинета дека вработувала помошници кои всушност работеле за потребите на партијата, а не за Европскиот парламент, кој им плаќал.
За време на нејзиното судење минатата година, Ле Пен негираше каква било злоупотреба, велејќи дека „не направила ни најмала неправилност“.
Еден против сите: Во Франција обединување против Ле Пен на вториот круг од изборите
По поразот што го доживеа од Ле Пен, Макрон распиша предвремени избори






