Енди Мареј ја завршува сезоната многу рано, причина е повредата на колкот која го оневозможи да игра на највисоко ниво во последниот период и пред се, на Вимблдон каде беше елиминиран многу рано, во четвртфиналето,па АТП листата наскоро ќе добие нов предводник. Тоа би можело да се случи веќе по Роџерс купот во Монтреал (7-13 август), а најдоцна по САД опен кој тргнува на почетокот од следниот месец и завршува во првата половина на септември. Кандидати за наследници на Мареј се Рафаел Надал и Роже Федерер кои се многу близу, на второто и третото место и со 285 односно 1205 поени.
Мареј најверојатно ќе оди на операција, а ако се реши да санира со пауза, тогаш таа ќе биде два или три месеца, а нешто слично најави и Новак Ѓоковиќ кој има проблеми со лакотот. Британецот 37 недели е на врвот од АТП листата што е далеку помалку од претендентите Надал со 141 и рекордерот Федерер со 302 седмици.




