Швајцарскиот ас и Томаш Бердих го комплетираа списокот на полуфиналисти на тенискиот Гренд Слем во Вимблдон, со што им се придружија на Сем Квери и Марин Чилиќ, кои предходно беа поуспешни од Енди Мареј и Жил Милер, во двата случаја со 3-2.
Томаш Бердих водеше со 1:0 во сетови и 2:0 во гемови кога Новак Ѓоковиќ го предаде мечот поради повредата на лактот на десната рака и го испрати Чехот на полесен начин во следната рунда. Таму противник на Бердих ќе му биде Роже Федерер кој денеска одигра маестрален меч против Милош Раониќ. Ветеранот победи со 3:0, по сетови со 6:4, 6:2 и 7-6. За Федерер ова 12. полуфинале на Вимблдон, нешто што претставува рекорд на овој турнир.
В петок во Лондон Квери прво игра со Чилиќ, а потоа Федерер со Бердих. Машкото финале е в недела.




