Мапата на Европа е сосема поинаква ако се базира на доминантната Y-DNA haplogroup. Ако се исклучат етничките и политичките претпоставки европските граници би изгледале вака.



Мапата како што тврди сајтот http://brilliantmaps.com освен научно нема никаков друго стратешко, политичко или било какво друго значење ниту има за цел да предизивка јавна дебата.

Научниците кои што ја истражуваат оваа проблематика ја направиле со цел да видат каква е географската и генетската поврзаност на одредени групи луѓе.

Дел од карактеристиките на секоја од горе наведените групи и каде тие се наоѓаат географски

  • Haplogroup R1b: Најчесто се наоѓа во Западна европа и делови од Русија, Централна Африка (Чад и Камерун) но се појавува и во Источна Европа , Западна Азија и Северна Африка.
  • Haplogroup R1a: Се појавува во голем дел од Евроазија како и во Скандинавија. Централна Европа, Јужен Сибир и Јужна Азија.
  • Haplogroup N: Географски е распространета во Северна Евроазија но и во Јужна Азија и Пацификот и Јужна Европа.
  • Haplogroup I1: Шведска, Западна Финска, Норвешка
  • Haplogroup I2: Динарскиот регион на Балканот каде што мажите се највисоки на светот со просек од 185,6 сантиметри.
  • Haplogroup J1: Блискиот Исток, Кавказ, Судан, Етиопија, Северна Африка, Јужна Европа, како и меѓу еврејските групи.
  • Haplogroup J2: Западна, Јужна и Централна Азија, европа, Северна Африка.
  • Haplogroup E: Африка, различни делови
  • Haplogroup G: Грузија, делови од Кавказ но и во делови на Европа, Јужна Азија и Северна Африка.