МАНУ ќе го одбележи Денот на Академијата

 

Настанот ќе почне со положување цвеќе на споменикот на Блаже Конески пред МАНУ, а потоа ќе се обрати претседателот на Академијата, Живко Попов.



На Денот на Академијата ќе биде доделено меѓународното признание „Блаже Конески” на годинашниот добитник Мотоки Номачи, а пригоден говор ќе одржи академик Марјан Марковиќ.

Во рамки на настанот ќе биде промовирано изданието „Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург 1902-1917″.