Манев: Ако нема друго власта освен да ни „продава“ приказни за Европа, во која сме од одамна, тогаш чао рагаци!

„Сега, кога сме пред избори некои лидери велат: Ние не се откажуваме, одиме само напред кон Европа и ЕУ! Други категорички тврдат: тие што не сакаат во Европа и ЕУ, тие се за Русија и Истокот! Според ваквите слогани изгледа како ние сега да ги откриваме Европа и ЕУ. Но, ние од многу одамна сме во Европа и живееме со неа, ние од поодамна живееме и дејствуваме во Европа и сме составен дел од неа.“ – вели Коле Манев, познат македонски сликар и филмски работник од областа на документаристиката, во својата колумна со наслов „Скопски метал““, која ја објави весникот „Нова Македонија“.



Покрај другото, Манев уште пишува: Во овој предизборен период нека не ни се продаваат приказни за Европа и ЕУ, демек некој од позицијата ќе нѐ внел во ЕУ. Тоа знаеме подобро од вас. Ако имате нешто друго да ни понудите, добро, ако немате, чао рагаци.