САД: Мал авион се урна врз куќа во Минесота (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина откако мал авион што летал од Ајова за Минесота во Соединетите Држави се урна во куќа во предградие на Минеаполис во саботата.



Куќата се запалила откако авионот удрил во неа и била уништена, но нејзините жители не биле повредени.

Истражителите рекоа дека сè уште не е познато колку луѓе имало во едномоторниот авион SOCATA TBM7, но извештаите велат дека нема преживеани меѓу патниците.

На снимките од падот на социјалните мрежи се гледа како авионот паѓа од небо пред да удри во станбената зона.